НБА-лигата направи голема неправда кон Лука Дончиќ

НБА-лигата ги налути љубителите на кошарката со својот избор за играч на неделата во Западната конференција, затоа што наградата замина во рацете на Кармело Ентони, а не кај Лука Дончиќ кој зад себе остава импресивна седмица.

Словенечкиот кошаркар кој настапува за Далас имаше завидливи бројки во победите на „маверикси“, а исто така, го водеше тимот до победа над Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс. Но, наградата замина во рацете на друг кошаркар...

После пауза од речиси една година, на средината на ноември Кармело Ентони се врати во НБА лигата, во редовите на Портланд. Неуспешните епизоди во Оклахома и Хјустон го оставија некогашниот „ол-стар" играч без ангажман скоро 12 месеци. 

Кога сите очекуваа дека Ентони ќе се повлече од сцената, дојде потписот со Трејлблејзерси кои имаа проблеми со повреди. Иако немаше добро деби, Мело првпат по 2014 година беше избран за играч на неделата.

Шутерот на Портланд изминатата седмица имаше просек од 23 поени и осум скокови, што беше доволно неговите привзаници да почнат да ликуваат. На Твитер веќе е почната иницијатива за извинување на играчот, по изреката:

„Вашето извинување мора да биде еднакво гласно како што беше и вашето непочитување". 

Меѓу другото се појави и формулар за извинување на играчот кој веќе кружи низ социјалните мрежи.