• Саше Љолес
Кошаркарскиот клуб Партизан е многу блиску до договор со српскиот репрезентативец, Алексеј Покушевски, јавија повеќе регионални медиуми.
Високиот крилен центар доби отказ во НБА тимот Шарлот Хорнетс, по што реши да побара нов предизвик во кариерата, а токму Партизан е клубот кој покажал најголем интерес за неговите услуги. Покушевски своевремено беше еден од најталентираните играчи во Европа, а сега за првпат во кариерата ќе заигра во српската кошарка, откако претходно го носеше дресот на Олимпијакос и Оклахома Сити Тандер.
Потврдата на трансферот се очекува до крајот на оваа недела, а Покушевски веројатно ќе добие двегодишен договор од „црно-белите“. Во кариерата просечно бележеше учинок од 7,5 поени, 4,6 скокови и 1,9 асистенција по натпревар, но во последните сезони не успеа да се наметне во НБА лигата.
Навивачите го очекуваат официјалното претставување на Покушевски и се надеваат дека тој ќе биде големо засилување за играта под обрачите.