ВИДЕО: НБА јавноста ужасната – екс судија го откри сите судиски грешки на штета на Денвер

Денвер

Четвртиот меч меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс крена многу прашина поради судиските одлуки. Во пресрет на мечот „езерџиите“ се пожалија кај лигата и испратија писмо со кое побараа различен третман за Леброн Џејмс, кога се во прашање фаулите кои се направени врз него.

Првата ѕвезда на Лејкерси шутираше само десет пати од линијата за слободни фрлања во првите три средби. Но, затоа тој и Ентони Дејвис добија дури 28 обиди на четвртиот меч, што беше причина за бурна медиумска реакција во Соединетите Американски Држави.

Поранешниот судија, Рони Нан, кој 19 сезони беше дел од НБА лигата, одвои неколку моменти за кои смета дека биле досудени во корист на тимот на Френк Вогел, а на штета на Денвер.

Погледнете ја неговата анализа зошто Нагетси беа оштетени од судиските одлуки:

Сега и Мајк Мелоун, тренерот на Нагетси, ќе поднесе жалба и ќе испрати видео од спорните ситуации, со цел да добие предност пред вечерашното петто соочување во конференциското финале на Западот.