НБА ја соопшти казната за „лудувањето“ на Џејмс Харден

Првата ѕвезда на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден заработи санкција откако ги прекрши ковид-протоколите предвидени од челниците на НБА лигата. 

„Брадата“ се забавуваше во ноќен клуб во неколку наврати, а во Соединетите Американски Држави важи забрана за собир на повеќе од 15 луѓе. Од НБА потврдија дека Харден ќе биде санкциониран со парична казна од 50.000 евра, но не и суспензија за играње. 

„Харден ги прекрши правилата и протоколите, бидејќи на 21 декември присуствуваше на приватна забава од затворен тип“, напишаа од лигата. 

Веќе во Хјустон се појавика неколку позитивни наоди меѓу играчите, па одложена беше средбата против Оклахома бидејќи Рокетси немаа доволно играчи за одигрување на мечот.