НБА го „повикува“ најмладиот тренер во историјата на Евролигата

Раководството на Портланд Треил Блејзерс покажува сериозен интерес за тренерот на Париз Баскет, Јулиус Томас, кој сезонава се наметна како едно од најинтересните млади тренерски имиња во европската кошарка.

Томас го презеде кормилото на францускиот клуб во март годинава и со само 28 години стана најмладиот главен тренер во историјата на Евролигата. Претходно работеше како помошник во стручниот штаб на Париз и беше дел од проектот кој му донесе голем подем на клубот на европската сцена.

Според информациите од американските медиуми, Портланд внимателно ја следи неговата работа и го разгледува како потенцијално решение за тренерскиот штаб во иднина. Интересот не е изненадување ако се земе предвид дека Томас за кратко време успеа да остави силен впечаток во Евролигата.

Младиот Германец веќе испиша историја откако стана најмладиот тренер што забележал победа во Евролигата, дополнително зголемувајќи ја својата репутација меѓу клубовите од НБА.

Засега нема официјална понуда од Портланд, но интересот на франшизата од Орегон е уште една потврда дека Томас се вбројува меѓу најперспективните млади тренери во европската кошарка.