НБА ги казни Клиперси поради „повредата“ на Каваи Ленард

Каваи Ленард повреда

Голема полемика се крена околу одлуката Каваи Ленард да не настапи на дуелот со Милвоки Бакс.

Неговата екипа Лос Анџелес Клиперс одлучи да му даде одмор, со оправдување дека има проблеми со коленото. Поради тоа НБА лигата го санкционира тимот од Калифорнија со парична казна од 50.000 долари.

Ова не е новитет кога е во прашање МВП играчот од минатогодишната финална серија. Тој пропушти 22 меча додека настапуваше во Торонто, со кој ја освои шампионската титула минатата сезона.

Кошаркарските експерти и аналитичари ја осудија оваа постапка на Клиперси и Каваи, особено поради тоа што тој требаше да се судри со Јанис Антетокумбо, актуелниот МВП на регуларниот дел од сезоната.