НБА фановите во шок: Комесарот Силвер не е сигурен дали сезоната ќе биде завршена!?

Адам Силвер

Спортските настани полека се враќаат ширум светот, а НБА лигата се очекува тоа да го направи на крајот на јули. Планирано е во наредните неколку месеци да се доигра регуларниот дел од сезоната, а потоа и плеј-офот, за во октомври да биде крунисан нов шампион.

Сепак, сомнежот за завршницата на сезоната е голем, а тоа го потврди Адам Силвер, комесарот на лигата, со неговото последно јавно обраќање.

„Не можам со сигурност да тврдам дека сезоната ќе заврши. Со овој вирус научивме да се прилагодуваме на неочекувани ситуации.

Имаме докторски тим и ќе ги случаме инструкциите. Се надеваме дека нема да има многу позитивни случаи, бидејќи тогаш ќе мора да ја откажеме сезоната. Ќе ги тестираме и оние кои немаат симптоми. Можеби тоа ќе ни помогне полесно да се справиме со ситуацијата“, изјави Силвер.

Натпреварите треба да се одиграат во луксузен комплекс на Дизниленд во Орландо. Таму ќе играат најдобрите екипи, а има неколку ѕвезди кои поради претпазливост се откажаа од учество во овој дел од сезоната.

Ваквите зборови сигурно нема да им се допаднат на фановите, кои со нетрпение и долг период го очекуваат кам-бекот на најсилната кошаркарска лига на светот.