НБА екипите подготвени за преговарање, еве ги десетте најатрактивни слободни агенти

НБА лига

Многу непознаници се поврзуваат со новата сезона во НБА лигата. Засега нема конкретни одлуки околу почетокот на натпреварите, како и одржувањето на драфтот и почетокот на преодниот рок.

Сите информации досега се базираат на шпекулации. Екипите моментално се насочени кон заслужен одмор, по неколкумесечните возбудувања во Орландо. Тоа беше местото каде што се одржа завршницата од сезоната, која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот.

Овогодишната класа слободни агенти е преполна со атрактивни имиња. На истата не се најде Ентони Дејвис, кој ја искористи опцијата да стане слободен агент, но само за да потпише побогат договор со Лос Анџелес Лејкерс.

Листа најатрактивни десет слободни агенти во пресрет на сезоната 2020/21:

  1. Фред ВанФлит (Торонто Репторс)
  2. Брендон Инграм (Њу Орлеанс Пеликанс)
  3. Данило Галинари (Оклахома Сити Тандер)
  4. Монтрези Харел (Лос Анџелес Клиперс)
  5. Горан Драгиќ (Мајами Хит)
  6. Богдан Богдановиќ (Сакраменто Кингс)
  7. Кристијан Вуд (Детроит Пистонс)
  8. Давис Бертанс (Вашингтон Визардс)
  9. Кармело Ентони (Портланд Трејл Блејзерс)
  10. Двајт Хауард (Лос Анџелес Лејкерс)

Изминатата сезона донесе титула за кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, предводени од Леброн Џејмс, кој ја доби МВП наградата во финалната серија против Мајами Хит.