НБА е најефикасна лига на светот, еве кои се на второ и трето место

НБА лигата без сомнение е најефективното кошаркарско натпреварување во светот, но интересно е да се види која лига е на второ место во оваа категорија.

Во НБА просечниот скор е 113,1 поен за 48 минути, а најефикасен тим во лигата е Индијана Пејсерс со просек од 123,3 поени. Најсилното кошаркарско натпреварување во светот го следат германската кошаркарска лига ББЛ и литванската ЛКЛ лига.

Во Бундеслигата просечниот скор на постигнати поени е 102,5 за 48 минути, а во Литванија 101,5 поени. Интересно е што Еврокупот е четврто најефикасно натпреварување и последно со над 100 бодови (100,3).

Следат лигите на Турција (99,4) и Шпанија (99,2), пред ВНБА лигата (98,7). Осма на листата е италијанската лига со 98,4, додека само деветта е Евролигата со 97,1 бод за 48 минути. Над 95 поени се постигнуваат и во лигата на Франција, Лигата на шампионите на ФИБА и Грција.

Најефикасен тим во Евролигата е Реал Мадрид со 89 поени за 40 минути игра.