НБА ѕвезди кои се очекува да направат кам-бек до крајот на сезоната

НБА

Кајри Ирвинг и Клеј Томпсон се вратија на терените, што донесе големи емоции кај навивачите. 

Кошаркарот на Бруклин Нетс пропушти 35 меча на почетокот од сезоната, поради својот став околу вакцинацијата против ковид-19. Шутерот на Голден Стејт, пак, по две и пол години пауза и две тешки повреди одново го облече дресот и постигна 17 поени на дуелот со Кливленд.

Се очекува уште неколку ѕвезди да се вратат и да им помогнат на екипите во борбата за плеј-офот. Меѓу нив се Зион Вилијамсон, Каваи Ленард, Бен Симонс, Џон Вол, Џамал Мареј и Маркел Фулц.

Од нив најголемо влијание врз формата на тимовите би имале Мареј и Ленард. Денвер со нетрпение го очекува кам-бекот на својот играч кој има просек од 21,2 поени по натпревар. Ѕвездата на ЛА Клиперс би можел да се врати навреме за плеј-оф возбудувањата, кога би ги надминал проблемите со десното колено.

НБА плеј-ин турнирот е закажан за 12-15 април, а на 16 април започнува доигрувањето. Титулата од минатата сезона ја брани Милвоки Бакс.