НБА-ѕвезда ќе биде нов сопственик на германски бундеслигаш

Денис Шродер, кошаркарската НБА-ѕвезда која настапува за Оклахома Сити, на стартот на месец јули ќе стане сопственик на германскиот бундеслигаш Брауншвајг.

Се работи за клубот од градот во којшто е роден кошаркарот, а неговата голема желба да помогне конечно му станала реалност.

„Брауншвајг е мојот роден град и затоа сакам на овој регион да му донесам една убава приказна. Уверен сум дека ќе создадеме врвен тим, благодарност и до сите компании што ќе помогнат во нашата намера“, изјави Шродер.

Брауншвајг настапува во Бундеслигата, а последната сезона ја заврши на единаесеттата позиција.