ВИДЕО: НБА ѕвезда бираше најдобра петорка во историјата, во неа го нема Џордан

Девин Букер откри кои пет кошаркари би ги избрал во својата идеална НБА петорка, а вниманието особено го привлече едно големо име кое не се најде во изборот на ѕвездата на Феникс.

Букер беше дел од еден голф турнир, каде што доби задача да одбере најдобра петорка во историјата на НБА лигата. Без премногу размислување, бекот на Феникс ги избра Стеф Кари, Коби Брајант, Леброн Џејмс, Кевин Дурант и Шекил О'Нил.

Токму изоставувањето на Мајкл Џордан го направи изборот особено интересен. Легендата на Чикаго Булс е речиси неизбежна во ваквите листи, но Букер овојпат одлучи да му даде предност на друга петорка.

Првата ѕвезда на Феникс со ова го привлече вниманието на јавноста и навлече доста критики и бес.