НБА драфт: Три екипи се надеваат на првиот пик и изборот на Зион Вилијамсон

Зион

Вечерва во Чикаго ќе се одржи лотаријата за НБА драфтот, на кој што прв пик се очекува да биде ѕвездата на Дјук, Зион Вилијамсон.

Голем број на екипи се надеваат дека ќе го добијат првото место, бидејќи во игра е кошаркар кој треба да одбележи цела генерација во најсилната лига во светот. Најголеми шанси за тоа имаат Њујорк, Феникс и Кливленд, а зад нив се Чикаго, Атланта и Вашингтон.

Лотаријата ќе го даде распоредот на првите четири избирачи, а на сите останати ќе им се додели право на избор според скорот од минатата сезона.

Официјалната вечер на НБА драфтот е закажана за 20 јуни во Бруклин.

Минатата година првиот пик го имаше Феникс, кој се засили со центарот ДеАндре Ајтон.