НБА добива нов шампион: Минесота од „минус 20“ до триумф во мајсторката со Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс се пласираа во конференциското финале на Западот, откако во мајсторката го исфрлија шампионот Денвер и тоа среде Колорадо со 90-98. Пресметката во „Бол Центарот“ понуди голема борба и луд пресврт, а иако Никола Јокиќ и Џамал Мареј комбинираа 69 поени од вкупните 90, Нагетси претрпеа пораз. 

  • Денвер Нагетс - Минесота Тимбервулвс:

Се влезе израмнето во дуелот, а на стартот на втората четвртина се наметна Денвер. Првакот успеа да поведе првпат двоцифрено и на одмор се замина со 53-38. Веднаш на стартот на второто полувреме Нагетси поведоа со највисоките дваесет разлиака во своја корист (58-38). 

Сепак, следеше огромно опуштање и Тимбервулвси направија серија од 3-21 со што целосно се вратија во натпреварот. Во последната четвртина се влезе со минимално домашно водство, а тогаш Минесота стапи на сцена. Гостинот ги презеде работите во свои раце, па иако не успеваше да се одлепи играше сигурно и водеше. Во пресрет на последните минути Минесота поведе првпат и двоцифрено (82-92), а оттогаш Денвер немаше сили за кам-бек. 

Најдобар поентер на мечот беше Џамал Мареј со 35 поени, додека страшна партија во два правци имаше Никола Јокиќ со 34 поени и 19 скока. Сепак, недостигаше поддршката од соиграчите кои целосно потфрлија. Тимбервулвси покажаа одличен тимски перформанс, шестмина беа двоцифрени. Со по 23 поени мечот го завршија МекДениелс и Карл Ентони Таунс кој фати и 12 скока, 16 поени имаше Едвардс, 13 Гобер, 11 Рид, 10 Конли... 

На крајот Минесота избори пласман во финалето на Западот, а таму веќе чека Далас. Првиот меч се игра ноќта меѓу среда и четврток во Минесота во 02:30 часот.