ФОТО: Навивачка фешта во „Градски парк“, топ-атмосфера на „вечното дерби“!

Дерби-дуелот во „Градски парк“ се игра во топ-атмосфера, затоа што двете навивачки групи на Работнички и МЗТ Скопје, „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ се на трибините и ги бодрат своите миленици.

Околу 200 навивачи се гости од Аеродром, а уште 200 го бодрат домашниот тим. Бројката е далеку од најдобрите времиња на „вечното дерби“, но, сепак, постои добра атмосфера за и двата тима да играат максимално мотивирано и да ги израдуваат своите фанови.

Во еден дел од натпреварот, гостите од Аеродром запалија и пиротехнички средства, што дополнително ја вжешти атмосферата во салата „Градски парк“.