Наумоски се повлекува, Антиќ единствен кандидат за претседател на МКФ!

Перо Антиќ, најтрофејниот македонски кошаркар, е единствен кандидат за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на Изборното собрание кое е во тек.

Антиќ требаше да има ривали, но овој пат ќе биде единствен кандидат и ќе ја бара довербата од клубовите. На Изборното собрание, Антиќ доби полномошно од екипата на КК Гостивар.

Владимир Темелковски се повлече во последен момент поради лични причини, додека актуелниот претседател Петар Наумоски се мислеше до последен момент, но и тој не поднесе кандидатура.

Доколку ја добие довербата, Перо Антиќ ќе биде десеттиот претседател на мак-баскетот по осамостојувањето. Од 1991 година, па наваму, на столчето седеле Душан Петрески, Благоја Самакоски, Зоре Темелковски, Јордан Камчев, Горан Рафајловски, Леонид Гајдаџиев, Драгољуб Арсовски, Даниел Димевски и Петар Наумоски.