Наумоски, Гаврилоска и Каевски од прв ред навиваа за Македонија во Косово

Македонската кошаркарска репрезентација имаше тројца „навивачи“ во жешката сала во Приштина, на натпреварот против Косово.

На мечот дел од делегацијата беа претседателот на МКФ, Петар Наумоски, генералниот секретар Моника Гаврилоска, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.

Тројцата беа во првиот ред, меѓу ВИП-гостите во Косово и навиваа за Македонија, која успеа да тргне во втората претквалификациска фаза со посакувана победа над незгодниот ривал.