Во 15. коло на грчкиот кошаркарски шампионат се одигра 248 вечно дерби помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос. Натпреварот го добија домаќините од Пиреја со 80-66 (27-9, 26-20,13-25, 14-12), и така му го нанесоа првиот пораз оваа сезона на Панатинаикос во шампионатот.