Натпревар од соништата на Партизан, со 14 разлика го „уништи“ Жалгирис

Кошаркарите на Партизан одиграа натпревар како од соништата и со огромна победа се враќаат од гостувањето кај Жалгирис (74-88). „Црно-белите“, по историскиот триумф над Црвена Звезда пред две кола, вечерва продолжија во ист стил и одново ја потврдија кандидатурата за местата кои што водат во плеј-офот.

Папапетру со 17, Лесорт со 14 и Пантер со 12 поени беа предводници на Партизан во Каунас, додека за домашниот тим Браздеикис беше најпрецизен со 17 поени.

Екипата на Фенербахче по вторпат оваа сезона го надигра германскиот претставник Алба Берлин и повторно постигна над сто поени. По гостинските 75-104, вечерва поранешниот шампион во Евролигата славеше со 101-86 и така им се врати на победите во елитата, по двата врзани порази од Асвел и Олимпијакос.

Прво име во таборот на турскиот гигант беше Хејс со 24 поени, додека за поразениот тим прв поентер беше Јаник Вецел со 14 поени.

Во највозбудливиот натпревар од првиот вечерашен термин Реал Мадрид извојува тешка победа на гостувањето кај Монако (91-95) и одново го презеде лидерското место на табелата со шеснаесет триумфи и седум порази.