ВИДЕО: Настовски од МЗТ влезе во историјата, стана најмлад стрелец во АБА!

Македонскиот кошаркар Андреј Настовски влезе во историјата на АБА-лигата, како најмлад кошаркар кој успеал да поентира во ова натпреварување.

„Металците“ загубија во регионалното натпреварување од Будуќност, но затоа по добро мечот ќе го памети Настовски, кој на само 16 години и и шест месеци ги даде првите поени и влезе во историјата на јадранската лига. 

Покрај Настовски, МЗТ Скопје му даде шанса на уште еден млад кошаркар да покаже дел од своите можности, а тоа е Леонид Тодоровски (18).

Инаку, што се однесува до најмладиот дебитант во АБА-лигата, тоа е Жига Дебелак од Словенија, кој како кошаркар на Тајфун со само 15 години настапи на АБА-дуел против Цибона.