Настапот на Јокиќ на Евробаскетот неизвесен: Мора да одмори...

Селекторот на српската репрезентација, Светислав Пешиќ, изјави дека сè уште не знае дали најдобриот кошаркар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе игра за репрезентацијата на Европското првенство.

„Сè уште разговараме. Ќе го сретнам Богдан Богдановиќ во Абу Даби на „фајнал-фор“ турнирот во Евролигата. Тој е претставник на играчите, разговара со сите. Добро сме поврзани и нема потреба од промени. Можеби тимот ќе биде освежен со 2-3 играчи. Јокиќ треба да се одмори. Другите кошаркари продолжуваат да играат за репрезентацијата“, рече Пешиќ.

Српскиот тренер нагласи дека негова задача е да го смести играчот таму каде што се чувствува најдобро.

„Лесно е со Јокиќ, но потребно е да се вклопат уште единаесет. Не секогаш ги бирам најдобрите, туку ги бирам оние кои најдобро се сложуваат едни со други, кои можат да се поврзат за многу кратко време. Разговорот со Јокиќ е многу предизвикувачка работа, дури и за мене, и тоа ме мотивира уште повеќе. Ме мотивираат играчите“, нагласи Пешиќ.

Јокиќ ја заврши сезоната во НБА лигата, откако Денвер беше елиминиран во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА лигата од тимот на Оклахома. 

Евробаскетот ќе се одржи од 27 август до 14 септември оваа година. Србија ќе игра во групата А со селекциите на Португалија, Естонија, Латвија, Турција и Чешка.