• Саше Љолес
Американецот Џејмс Нанели на помалку неславен начин ја заврши етапата во Партизан, откако влезе во расправија со управата на клубот, па иако беше меѓу милениците на навивачите, мораше да замине од белградскиот гигант.
Нанели одигра две одлични сезони во „црно-белиот“ дрес, а за српските медиуми пред заминувањето откри дека имал исклучително добри односи со тренерот Жељко Обрадовиќ.
„Обрадовиќ не сакаше да заминам, четири или пет пати ми понуди да останам во Партизан до моето пензионирање. Можев да одиграм уште најмалку две или три сезони во Белград, но управата не сакаше да ме задржи. Нека му е на чест на претседателот Мијаиловиќ, друго немам што да додадам“, рече Нанели.
34-годишниот Американец ќе ја продолжи кариерата во друга средина, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат евролигашите Олимпија Милано и Макаби Тел Авив.