Нан заврши во болница со скршено ребро, грчките гиганти најавија тужби

Кендрик Нан го одигра второто полувреме од решавачкиот петти натпревар од финалната серија против Олимпијакос и покрај тоа што имал скршено ребро, пренесуваат грчките медиуми.

Кошаркарот на Панатинаикос се повреди кон крајот на првото полувреме по незгоден дуел во втората четвртина. Поради повредата, тренерот Ергин Атаман не го вклучи во стартната петорка по паузата, но Американецот подоцна се врати на теренот и се обиде да му помогне на својот тим. По натпреварот бил пренесен во болница, каде што било утврдено дека заработил скршеница на ребро.

Нан не го заврши мечот, но причината не беше повредата. Тој беше исклучен по жесток конфликт со Тајрик Џонс, кој продолжил и по завршувањето на натпреварот надвор од теренот.

<<< - ПОВРЗАНО - Лудачки потег по дербито: Џонс го нокаутира Нан! (ВИДЕО)

Поради инцидентите по натпреварот, двата клуба најавија правни постапки. Олимпијакос ќе поднесе тужба против Кендрик Нан и Матијас Лесор, додека Панатинаикос најави тужба против Тајрик Џонс.