• Иван Димовски
Викенд дуелот од француската Про А лига, меѓу Роане и Левалоа им припадна на домаќините (80-67).
Сепак, истиот го одбележа еден воопшто неспортски потег на еден од домашните играчи. Бубакар Туре со лакт му ја скрши вилицата на босанскиот кошаркар Миралем Халиловиќ. Босанецот во лутина тргна да го брка ривалот, ама беше спречен инцидент.
- Ударот на Туре:
Babacar Touré vrille complètement en frappant Miralem Halilovic. Joueur expulsé et bientôt lourdement sanctionné #JeepElite pic.twitter.com/L3mHiguV5O
— Cyril Camacho (@cyril_cmch) January 30, 2021
Халиловиќ ќе мора да паузира барем три месеци поради скршеницата, а Туре го очекува суспензија до крајот на сезоната и веројатно ќе заработи отказ во Роан.