Најтрофејниот добива нов дом: Работнички ќе распише конкурс за нова сала во ноември!

По повод 70-годишнината на клубот Работнички, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски соопшти дека најтрофејниот колектив во иднина ќе добие нов дом. Еден од спонзорите на клубот соопшти дека конкурс ќе биде распишан во ноември, а локацијата на изградба ќе биде „Градски парк“.

„Имав желба оваа вест да ја соопштам во ноември, но еве, ќе ја направам сега. Во ноември ќе се распише конкурс за изградба на нова сала на Работнички. Локацијата е Градски парк и само Градски парк“, со насмевка изјави првиот човек на Општина Центар.

Моменталниот дом на Работнички, салата „Градски парк“ е изграден пред повеќе од 50 години.