• Саше Љолес
Последнопласираната екипа во Евролигата, Алба Берлин, реши да направи драстична промена и го отпушти тренерот Израел Гонзалез, а на неговото место ќе дојде досегашниот асистент, Педро Каљес.
Управата на Алба реши да му врачи отказ на Гонзалез, кој сезонава не ги оствари посакуваните резултати со тимот кој има само четири победи и дури 24 порази во елитното натпреварување.
Шпанецот беше тренер на германскиот клуб од 2021 година. Неговиот наследник ќе има тешка задача да го крене тимот од лошата серија. Алба има големи проблеми и во домашното првенство, каде има учинок од десет победи и единаесет порази.