Најмладиот МВП во историјата на НБА објави спортска пензија

Најмладиот МВП во историјата на НБА лигата, по петнаесетгодишна кариера реши дека е време за пензија. 

Станува збор за Дерик Роуз, 35-годишникот кој минатата сезона настапуваше за Мемфис Гризлис. Искусниот кошаркар доби отказ во франшизата, остана слободен агент, но наместо да побара нов клуб реши дека е време да се повлече од спортот кој го сака. 

Своевремено Дерик Роуз, играјќи за Чикаго Булс, беше еден од најдобрите во лигата. Тој беше најмлад МВП досега во НБА, трипати играше на „Ол-стар“ натпреварите, а беше и Руки на годината. 

Со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Роуз двапати беше светски првак.