„Најк“ му забрани: Леброн останува со „23-та“ на својот грб! 

Леброн Џејмс, првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, и следната сезона на грбот ќе го носи бројот „23“, пренесуваат американските медиуми. 

„Кралот“, пред извесен период најави дека има желба да го ослободи бројот 23 заради новото засилување на тимот, Ентони Дејвис и повторно да си ја врати шестката, но не доби одобрение од „Најк“. Наводно, компанијата за спортска опрема ја одбила оваа желба на Леброн, заради тоа што ќе доживеала голема финансиска загуба. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Officially a Laker!! #LakeShow

A post shared by LeBron James (@kingjames) on

Рокот за промена на бројката на дресот во најмоќната лига на светот е 15 март, но од НБА лигата биле спремни да му излезат во пресрет на Леброн, но спонзорот не го дозволи тоа.