• Мартин Танасковски

Светското првенство (СП) ги доби своите учесници, Србија ја комплетира листата, а во квалификациите многу од селекциите извисија во битката за мундијалска виза.
ФИБА направи револуција со специфичните квалификации и многу од играчите во Евролигата и НБА не можеа да им помогнат на своите репрезентации. Така, овој Мундобаскет ќе биде без многу квалитетни имиња кои нема да ги гледаме во Филипини и Јапонија.
- Најквалитетните играчи кои ќе го пропуштат Мундобаскетот:
Факундо Кампацо (Аргентина), Бојан Богдановиќ (Хрватска), Апрелен Шенѓун (Турција), Томас Саторански (Чешка), Чеди Осман (Турција), Лука Вилдоза (Аргентина), Шејн Ларкин (Турција), Јусуф Нуркиќ (БиХ), Марио Хезоња (Хрватска), Дени Авдија (Израел)
Светското првенство ќе се игра од 25 август до 10 септември.