Најголемиот подвиг во историјата: Од седумнаесетто место до евролигашка круна!

Панатинаикос го оствари најголемиот подвиг од една во друга сезона на Евролигата. Грчките „детелинки“ минатата сезона ја завршија на седумнаесеттото место, менувајќи тренери и проекти.

Дојде Атаман и револуцијата, а Кендрик Нан беше последното парче во сложувалката. По поразот од дваесет разлика во Суперкупот на Грција во септември 2023 година не се наѕираше ова чудо од сезона. Панатинаикос стана европски првак и ја продолжи клетвата на најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната кој никогаш не победува на „фајнал-фор“.

Со седум титули од осум финалиња Панатинаикос е најуспешната екипа на „фајнал-фор“ турнирите и има најдобар просек на победи на завршните турнири. Со 18 победи од 24 натпревари Панатинаикос е прв на вечната листа пред Реал Мадрид и Олимпијакос