Најџел Хејс од Барселона се пресели во Фенербахче

Крилниот центар Најџел Хејс е најновото засилување на турскиот кошаркарски гигант Фенербахче, денес потврди клубот од Истанбул.

28-годишниот Американец со Фенербехче потпиша договор на една сезона, со опција истиот да биде продолжен доколку кошаркарот ги оправда очекувањата на паркетот. Претходната сезона ја мина во Барселона, а во Европа уште играше за Жалгирис и Галатасарај.

Хејс во својата кариера настапуваше и во НБА лигата, но не се прослави во најсилната кошаркарска лига на светот. По краток период беше во Лос Анџелес Лејкерс, Торонто и Сакраменто.