Најдолговечниот тренер во НБА претрпе мозочен удар

Славниот НБА тренер Грег Попович неодамна се повлече од кошарката поради здравствени проблеми. 

Сега медиумите од Соединетите Американски Држави известија дека 75-годишникот имал благ мозочен удар и завршил во болница. Се очекува Попович целосно да заздрави, ситуацијата во моментов е стабилна, аама не се знае временската рамка за која би се вратил. 

На почетокот на месецов легендарниот стратег доби слободен период од клубот, клупата ја презеде помошникот Мич Џонсон, а се очекува повеќе информации за кам-бекот на Попович. 

Најдолговечниот тренер во една франшиза на НБА лигата веќе 29 сезони го води Сан Антонио. Минатата година потпиша и нов петгодишен договор, кој ќе биде на сила до 2028.