• Горан Упале

Стратегот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас го продолжи договорот со клубот од Пиреја до јуни 2025 година.
Човекот кој оваа сезона го доби признанието за најдобар тренер во Евролигата, со Олимпијакос ја освои двојната круна во Грција, а „црвено-белите“ беа четврти на завршниот турнир во Евролигата во Белград.
57-годишниот Барцокас во грчкиот гигант се врати во 2020 година, откако претходно го водеше Олимпијакос од 2012 до 2014 година.
За време на својата богата кариера ги беше на чело уште на Маруси, Лариса, Паниониос, Локомотив Кубан, Барселона и Химки. Со Олимпијакос во 2013 година го запиша својот најголем успех во кариерата, триумфирајќи во Евролигата.