• Зоран Мишевски
Италијанскиот стручњак Лука Банки е нови тренер на евролигашот Виртус, потврдија од италијанскиот клуб. Банки ќе го замени Серџо Скариоло, кој во текот на денот доби отказ. Виртус и Банки договорија двегодишна соработка.
На штотуку завршеното Светско првенство, Банки како селектор ја предводеше Летонија со која го освои петтото место и беше рогласен за најдобар тренер на турнирот. Покрај многуте селекции кои ги водеше, најголема трага остави во Монтепаски, Милан и Бамберг.
Новата евролигашка сезона почнува во октомври, а италијанскиот вицешампион има најголем буџет во клупската историја.