• Саше Љолес
Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња, јави порталот „Баскетњуз“.
Едвардс требаше да остане во Германија, но сепак решил да замине од баварскиот гигант и првпат ќе заигра на „чизмата“. Виртус создава посилен тим и има големи амбиции за следната сезона во Евролигата.
Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и 3,3 асистенции во дресот на Баерн, а претходно играше за Фенербахче, Детроит Пистонс, Солт Лејк Сити Старс и Бостон Селтикс.
ФОТО/PHOTO: fcbayern.com






