• Иван Димовски
Најдобриот поентер во Евролигата, Маркус Хауард ја продолжи соработката со Басконија.
Американскиот кошаркар парафира нов договор со шпанскиот клуб до 2028 година. Ова за Хауард беше втор потпис на договор во последните шест месеци, откако во октомври веќе парафира нова соработка.
Сепак, со одличните партии си заработи подолг и побогат договор. Басконија оваа сезона во Евролигата играше во плеј-офот, но доби „метла“ од европскиот првак Реал Мадрид.