Најдобриот стрелец во АБА лигата направи неочекуван трансфер во Грција

Доскорешниот кошаркар на Игокеа, Брајс Џонс, е нов играч на грчкиот Арис, соопшти денеска клупската управа. 

Арис во своето соопштение наведе дека го ангажирал 30-годишниот Џонс за сезоната 2025/26, без да открие дополнителни детали од договорот. Овој трансфер е малку изненадувачки, со оглед на фактот што за Американецот имаше голем интерес и од неколку евролигаши. 

Плејмејкерот минатата сезона беше лидер во АБА лигата според просечен индекс на корисност (21,7), како и најдобар стрелец на тоа регионално натпреварување (18,5 поени по натпревар).

Беше и трет најдобар „крадец“ на топки (1,6 по натпревар) и четврти најдобар асистент (5,9 по натпревар), а во гласањето за најкорисен играч (МВП) на АБА лигата го заврши на третото место.

Во Србија играше и за ФМП и за Борац од Чачак, а во кариерата настапуваше и за Клуж, Лимож и Улцињ. Арис, кој во претстојната сезона ќе настапува и во Еврокупот, од клупата го предводи српскиот тренер Богдан Караичиќ.

ФОТО/PHOTO: ABA liga