• Мартин Танасковски
36-годишната ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, го продолжи договорот со НБА клубот на уште една сезона, до летото 2027 година. Овој нов договор вреден 62,6 милиони долари го потврди и неговиот менаџер Џеф Остин.
Пред две години Кари потпиша четиригодишен договор со Вориорс вреден 215,4 милиони долари, кој требаше да трае уште две сезони. Сепак, веќе е договорено продолжување кое ќе му овозможи да заработи уште повеќе.
Кари ја помина целата своја професионална кариера во Вориорс, откако клубот го избра како седми на драфтот во 2009 година.
Во текот на 15 сезони, Кари го предводеше тимот до четири титули во НБА (2015, 2017, 2018 и 2022 година) и два дополнителни настапи во финалињата (2016 и 2019 година).
Кари со 3.747 тројки го држи и НБА рекордот и го носи епитетот на најдобар шутер во светот. Минатата сезона тој имаше просек од 26,4 поени, 5,1 асистенции и 4,5 скока по натпревар.