Најдобриот македонски репрезентативец пред портите на НБА-лигата!

Моментално најдобриот македонски репрезентативец според формата, Ти-Џеј Шортс, ќе си замине од Париз, но кариерата нема да ја продолжи во Евролигата како што се најавуваше, туку се тврди дека тој ќе стане дел од НБА-лигата!

Турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу објави дека македонскиот репрезентативец имал три опции, тоа се Фенербахче, Панатинаикос и Анадолу Ефес. Сепак, доаѓа нова информација за неговата иднина.

Како што објави француски „БаскетЈуроп“ и покрај сите тие понуди, Шортс решил да ја остави европската кошарка со цел да си го оствари сонот, а тоа е НБА лигата. Се тврди дека за него заинтересиран е Мемфис Гризлис, каде прв тренер е човекот кој му ги даде „клучевите“ во европската кошарка. Се работи за скандинавскиот тренер Туомас Исало, со кого тој соработуваше во Бон, Крајлсхајм и Париз.

Ништо не е официјално засега и нема информации за должината на договорот, како и за финансиските аспекти.