• Иван Димовски

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да дојдат до трофејот во Евролигата, откако во финалето ја добија драмата со Олимпијакос.
Најдобар играч на завршниот турнир беше Валтер Таварес. Центарот кој потекнува од Зеленортските острови изненадувачки сака да замине од клубот. Иако Таварес неодамна потпиша нов договор според кој по даночење ќе добива 1,8 милиони евра, тој е незадоволен.
Платите во Евролигата не се претерано високи, па Таварес сака да го извлече максимумот. Според најавите, центарот на Реал е отворен за нови понуди, сака да ги разгледа опциите, а секако ако не пристигне задоволувачка, тој ќе остане во Мадрид.
Сезонава во елитното натпреварување одигра четириесет натпревари, на кои забележа просек од 11,2 поени, 6,9 скока, 2,2 блока и 1,5 асистенции. Сепак, неговите доминантни партии во дефанзивниот дел се запазени од страна на сите гиганти.