• Мартин Танасковски
Најдобриот играч на грчки Панатинаикос, Кендрик Нан, останува суспендиран на еден натпревар и е казнет со 5.000 евра поради недолично однесување кон судијата на натпреварот против Партизан.
Панатинаикос се обиде да поднесе жалба до Апелациониот судија, но жалбата е одбиена, соопштија од Евролигата. Заради суспензијата, Нан нема да биде во составот за претстојниот натпревар против Анадолу Ефес во Истанбул, кој е закажан за во петок.
Оваа суспензија е голем удар за актуелниот европски првак, бидејќи Нан моментално е водечки стрелец на тимот, со просек од 18,4 поени по натпревар во Евролигата.