ВИДЕО: Најдобриот го освои четвртиот прстен и не успеа да ги задржи солзите

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс во шест натпревари го решија финалето на НБА лигата, откако направија втор „брејк“ во Бостон и дојдоа до седмата шампионска титула. 

Најдобар играч на финалето беше Стеф Кари, кој го додаде признанието на претходно освоената МВП награда во регуларниот дел од сезоната, како и на „Ол-стар“ натпреварот. Иако за 34-годишникот ова беше четврта титула, во последните секунди додека беше на клупата покажа колку му значи. 

Кари беше емотивен, не успеа да ги задржи солзите и заплака, а снимателите го уловија моментот. Оваа генерација на Голден Стејт покажа карактер и четврти пат во една деценија стигна до титулата во НБА лигата.