Најдобриот европски плејмејкер си замина од Панатинаикос

Грчкиот кошаркарски репрезентативец Ник Калатес по вторпат во кариерата се раздели со Панатинаикос и кариерата ќе ја продолжи на друго место.

31-годишниот плејмејкер кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот во Европа, не успеа да постигне договор со грчкиот кошаркарски гигант и ќе игра во нова средина. Како најсериозна за неговиот потпис се споменува Барселона, која гради нов проект.

Во изминатата сезона во Евролигата тој имаше просек од 13,3 поени, 4,9 скока и 9,1 асистенции по меч. Калатес беше во ПАО од 2015 година, а претходно играше за Мемфис Гризлис и Локомотив Кубан.