Најдобриот евролигашки плејмејкер пак во црвено-бело – во европскиот првак

Европскиот шампион Олимпијакос и официјално го претстави Коди Милер-Мекинтаер како свое ново засилување. Искусниот плејмејкер потпиша тригодишен договор со клубот од Пиреја, откако ја заврши својата етапа во дресот на Црвена Звезда.

Американскиот кошаркар, кој настапува за репрезентацијата на Бугарија како натурализиран играч, пристигнува во редовите на европскиот првак по уште една успешна сезона во Евролигата.

Во најсилното европско клупско натпреварување, Милер-Мекинтаер бележеше просек од 12,6 поени, 4,5 скока, 7,4 асистенции и една освоена топка по натпревар. Во регионалната АБА лига, пак, просечно постигнуваше 10,4 поени, 2,6 скока, пет асистенции и 0,8 украдени топки.

Триесет и двегодишниот организатор на играта двапати беше најдобар асистент во Евролигата – најпрво во сезоната 2023/2024 како кошаркар на Басконија, а потоа и минатата сезона во дресот на Црвена звезда