• Саше Љолес
Кошаркарот од Гвинеја, Алфа Дијало, кариерата ќе ја продолжи во Денвер Нагетс, пренесуваат американските медиуми.
29-годишниот крилен кошаркар потпишал едногодишен договор со тимот за кој настапува и српската ѕвезда Никола Јокиќ. Дијало изминатите пет сезони беше член на Монако, а во сезоната 2025/26 беше прогласен за најдобар дефанзивец во Евролигата.
Во елитното европско натпреварување минатата сезона во просек бележеше 11,9 поени и 4,4 скока по натпревар.
Пред да ја започне професионалната кариера, Дијало настапуваше за колеџот Провиденс. Откако не беше избран на НБА-драфтот во 2020 година, се пресели во грчки Лаврио, од каде подоцна направи трансфер во Монако.
