• Саше Љолес
Американскиот кошаркар Џон Браун заздрави од тешката повреда и наскоро се враќа на терените, а во моментов е по потрага по клуб кој би му понудил договор.
Екс-играчот на Монако се повреди на крајот од минатата сезона, но наскоро повторно ќе може да биде солидно засилување за некој европски гигант. Браун важи за еден од најдобрите дефанзивци и секогаш напорно работи во одбраната, а минатата сезона беше меѓу тројцата најдобри „крадци“ во Евролигата.
Со Монако успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир, но потоа се повреди и за него сезоната заврши на неславен начин. Кариерата ја започна во Виртус Рома, а потоа играше уште за Универзо Тревизо, Бриндизи, Уникс Казањ и Бреша.