ВИДЕО: Најбруталниот и највалкан фаул во историјата на кошарката

фаул кошарка

За многумина се работи за највалканиот потег на кошаркарските терени во историјата, а истиот беше направен врз Томас Еткинс во универзитетски натпревар во САД.

Нејтан Ремпе го оттурна својот противник кој постигна погодок, но доживеа страотен пад на теренот по забивањето. Овој фаул можеше да значи крај на кариерата на кошаркарот кој настапува за универзитетот Хановер.

Фаулот предизвика хаос во САД, па дури и расистички препукувања на социјалните мрежи.