Најавено првото засилување за Кокошков во Фенербахче

Сасари

Канадски кошаркар ќе биде првото засилување за Игор Кокошков, кој неодамна беше претставен како нов тренер на екипата на Фенербахче.

Се работи за Дејшон Пјер кој во минатата сезона го носеше дресот на Динамо Сасари. Игра на бековската позиција и запиша просек од 12,6 поени, 8,4 скока и 2,4 асистенции.

26-годишникот заврши колеџ во Дејтон, а играше уште и во редовите на Брауншвајг.

Кокошков го прифати предизвикот да биде наследник на легендарниот Жељко Обрадовиќ. Српскиот тренер не ја прифати понудата да остане во Истанбул и одлучи да се раздели со клубот по седум години успешна соработка.