ВИДЕО: Нагетси славеа во натпреварот на сезоната и изборија „мајсторка“ со Оклахома!

Кошаркарите на Денвер Нагетс извојуваа голема победа над Оклахома Сити Тандер со 119-107 во шестиот натпревар од второто коло од плеј-офот во НБА лигата. Натпреварот на сезоната за Нагетси беше да се биде или не, а бидејќи не сакаа да ги завршат настапите, ја победија Оклахома и изборија „мајсторка“.

Никола Јокиќ повторно одигра на високо ниво и беше лидер на својот тим. За малку ќе стигнеше до нов „трипл-дабл“, откако натпреварот го заврши со 29 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Еден од хероите на Нагетси беше и Џамал Мареј, кој натпреварот го започна со 11 поени во првата четвртина, а на крај заврши со 25 поени, надополнети со 8 скока и 7 асистенции. Херој од сенка беше Џулијан Стротер, кој постигна осум поени (вкупно 15 поени) на крајот од третата четвртина и им помогна на Нагетсите да се одлепат во клучниот момент.

На друга страна, МВП-кандидатот Шеј Гилџес-Александар одигра одлична партија, постигнувајќи 32 поени со три скока и шест асистенции, додека Чет Холмгрен имаше 19 поени и 11 скока. Карузо и Волас постигнаа по десет поени, исто како и Лу Дорт.