• Мартин Танасковски

Екипата на МКК Куманово доби казна од Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) за недоличното однесување на натпреварот против Чаир 2030.
Врз основа на делегатскиот записник, комесарот Александар Милојевиќ ги изрече казните и одлучи МКК Куманово да игра два меча во празна сала.
Причина е националистичкото скандирање на дуелот со чаирчани. Навивачите биле предупредени од спикерот во два наврати да престанат со недоличниот однос, а третиот пат трибината била испразнета и мечот прекинат се додека се овозможиле услови да продолжи.
Исто така, заради прекинот и недоличниот однос на публиката, клубот ќе плати санкција од 32.000 денари.